ТРАМП МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МЕРЦ Американскиот претседател ги коментираше изборите во Германија

Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, на народот во Германија им е здодевно од политика без здрав разум, особено за прашањето за енергијата и имиграцијата, кое преовладува со години, напиша Трамп.

573

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.

„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, на народот во Германија им е здодевно од политика без здрав разум, особено за прашањето за енергијата и имиграцијата, кое преовладува со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на господинот Доналд Трамп. Честитки до сите, следат уште победи“, напиша Трамп.






Според досегашните резултати, според кои Либерално-демократската партија (ФДП) како и новооснованата левичарско-популистичка алијанса Сахра Вагенкнехт не го поминуваат изборниот праг, Унијата би можела да коалицира со СПД, за што во неколку наврати се шпекулираше во текот на изборната кампања.

Во случај ФДП да влезе во 21. свикување на Бундестагот, можна е коалиција на Унијата, СПД и ФДП, но и коалиција на Унијата, СПД и Зелените.

Во текот на кампањата, Фридрих Мерц постојано нагласуваше дека соработката со АфД не доаѓа предвид.

Излезноста на овие избори, со 84 отсто, е најголема од обединувањето на Германија.

Поврзани содржини