Трамп: Луѓето умираат, но тоа не значи дека не правиме сè што можеме
Како што пренесуваат странските агенции, Трамп во објава на Твитер продолжил да врши притисок врз училиштата повторно да се отворат и го бранел одговорот на неговата администрација на вирусот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ширењето на коронавирусот во САД е под контрола „колку што е тоа можно“.
„Луѓето умираат, тоа е вистина. Така е како што е. Но, тоа не значи дека не правиме сè што можеме. Тој е под контрола колку што може да се контролира. Ова е ужасна чума“, рече Трамп во интервју за веб-страницата „Акиос“.
Како што пренесуваат странските агенции, Трамп во објава на Твитер продолжил да врши притисок врз училиштата повторно да се отворат и го бранел одговорот на неговата администрација на вирусот.
Во САД од ковид-19 починаа најмалку 155.000 луѓе.