ТРАМП ЛАЕ, А КАРАВАНОТ СИ ВРВИ? Повеќе од 1.000 мигранти ќе се обидат да влезат во САД од Мексико

Некои од мигрантите рекоа дека сè уште се надеваат дека ќе можат да влезат во САД, дури и откако американскиот претседател, Доналд Трамп, ја суспендираше можноста на луѓето да добијат азил од Мексико.

387

Караван од повеќе од 1.000 мигранти од Латинска Америка тргна од јужно Мексико кон северот и кон границата со САД ноќта меѓу саботата и неделата, и покрај војната против илегалната имиграција што ја прогласи американскиот претседател, Доналд Трамп.

Некои од мигрантите рекоа дека сè уште „се надеваат дека ќе можат да влезат во САД“, дури и откако Трамп ја суспендираше можноста на луѓето да добијат азил од Мексико.






– Решивме да одиме на граница и ќе ни дадат одговор. Сѐ уште се надеваме дека ќе влеземе во САД – рече 37-годишниот Венецуелец.

Како што најави Трамп за време на неговата изборна кампања, САД почнаа да протеруваат стотици илегални имигранти користејќи воени авиони, при што Белата куќа се пофали дека ја започнала „најголемата операција за масовна депортација во историјата“.

Поврзани содржини