ТРАМП ИСПРАЌА СРБИН ПО ПОТЕКЛО ЗА АМБАСАДОР ВО СРБИЈА Брнович имал сон сите православци, меѓу кои и Македонците, да имаат претставник во Вашингтон
Мојот сон е српската заедница да добие свој претставник во Вашингтон, како и сите православни народи кои живеат во Америка, а кои не се претставени од никој: Грци, Руси, Украинци, Ерменци, Грузијци, Македонци и сите останати, изјави во минатото наследникот на Кристофер Хил во Белград.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека нов амбасадор во Србија ќе биде поранешниот државен обвинител на Аризона, Марк Брнович, чии родители се Срби доселени од некогашна Југославија во САД.
Брнович во една изјава во минатото ги спомена Македонците.
„Татко ми е православен Србин од Црна Гора, мајка ми е Србинка од Сплит, Далмација, а мојот сон е српската заедница да добие свој претставник во Вашингтон, како и сите оние православни народи кои живеат во Америка, а кои во моментов не се претставени од никој: Грци, Руси, Украинци, Ерменци, Грузијци, Македонци и сите останати“, рече Брновиќ на презентацијата на својата кандидатура во Републиканската партија за сенатор пред српската и другите балкански заедници пред речиси 3 години во Чикаго.
Трамп на својата мрежа Thruth social го образложи својот избор за наследник на Кристофер Хил во амбасадата во Белград.
„Задоволство ми е да објавам дека Марк Брнович ќе биде нашиот следен амбасадор на Соединетите Држави во Србија. Марк е горд ветеран на Националната гарда на армијата и порано беше државен обвинител на Аризона. Како син на бегалци кои бегаат од комунизмот, Марк ќе биде силен поборник за слободата и секогаш ќе ја става Америка на прво место. Честитки Марк!“, напиша американскиот претседател Трамп.