„ТРАМП ИСПАДНА СЛАБ“ Израелски политичари го критикуваат договорот за примирје
Дел од израелските претставници изразија загриженост и за ситуацијата во Либан, нагласувајќи дека примирјето не се однесува на тој фронт.
Израелски политичари остро реагираа на двонеделното примирје меѓу САД и Иран. Лидерот на опозицијата Јаир Лапид оцени дека станува збор за политички и стратешки неуспех, додавајќи дека Израел не бил вклучен во одлуките за сопствената безбедност.
Пратеникот Звика Фогел упати порака до американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „слаб“. Критики упати и Авигдор Либерман, кој предупреди дека договорот му дава време на Иран да се реорганизира. Дел од израелските претставници изразија загриженост и за ситуацијата во Либан, нагласувајќи дека примирјето не се однесува на тој фронт.