Трамп им подготви непријатен дочек на Хари и Меган: Ќе мора сами да платат!
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се огласи преку социјалната мрежа Твитер по повод пишувањето на медиумите дека принцот Хари и Меган Маркл се преселуваат од Канада во Америка.
Трамп преку Твитер им порачал дека самите ќе мора да платат за сопствената заштита додека престојуваат во САД.
„Јас сум голем пријател и обожавател и на кралицата и на Обединетот Кралство. Како што беше објавено порано, Хари и Меган, кои го напуштија Кралството, ќе се преселат во Канада. Сега тие ја напуштија Канада и дојдоа во САД. Сепак, Америка нема да ја плаќа нивната заштита. Ќе мора сами да платат“, порачал Трамп.