„ТРАМП ИМ ОДОБРИ, НЕКА УДРАТ ДОДЕКА ИМААТ МОЖНОСТ“ Келог потврди дека Украина добила дозвола за оружјето со долг дострел

Мислам дека, откако прочитав што кажа претседателот Трамп и што кажаа потпретседателот Венс и државниот секретар Рубио, одговорот е да. Искористете ја можноста да напаѓате од долг дострел, изјави специјалниот претставник наа шефот на САД, потсетувајќи дека Пентагон претходно не ѝ дал дозвола на Украина за вакви акции.

533

Трамп даде зелено светло за украински удари врз Русија со оружје со долг дострел, изјави специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, во интервју за Фокс њуз. Келог беше

– Мислам дека, откако прочитав што кажа претседателот Трамп и што кажаа потпретседателот Венс и државниот секретар Рубио, одговорот е да. Искористете ја можноста да напаѓате од долг дострел – рече Келог, потсетувајќи дека Пентагон претходно не ѝ дал дозвола на Украина за вакви акции.






Како што објави „Волстрит џурнал“, американскиот претседател му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски дека е подготвен да ја укине забраната за напади со американско оружје на руска територија.

– Секој треба да го следи она што го кажува претседателот Трамп. Според Уставот на САД, тој е врховен командант на американската војска и сите го почитуваат. Кога претседателот оди лево, вие одите лево. Ако тој каже одете десно, вие одите десно. Тоа е претседателот. Последниот пат кога проверивме, никој од нас не доби никакви електорски гласови, но тој доби – изјави Келог.

Поврзани содржини