ТРАМП ИМ ДОДЕЛИ 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ СУБВЕНЦИИ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Најмногу пари за производителите на пченка, соја, пченица, ориз и на памук

Фармерите се 'рбетот на земјата, а дополнителната помош ќе влее доверба кај нив, вели американскиот претседател Доналд Трамп.

102

Американските земјоделци ќе добијат субвенции во вкупен износ од 12 милијарди долари, објави денеска претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп рече дека земјоделските производители гласале за него и дека тие се ‘рбетот на земјата.






– Дванаесет милијарди долари се многу пари. Дополнителната помош ќе влее доверба кај фармерите – рече Трамп.

Според него, парите за субвенциите доаѓаат од приходите од царините.

Министерката за земјоделство на САД, Брук Ролинс, објави дека парите ќе им бидат исплатени на фармерите до крајот на февруари.

Министерката прецизираше дека 11 милијарди долари ќе бидат доделени на земјоделците кои одгледуваат пченка, соја, пченица, ориз и памук. Останатата милијарда долари ќе биде за другите категории фармери.

Белата куќа го опиша пакетот како помош за фармерите кои настрадале од високите трошоци и поддршката на претходната администрација на Џо Бајден за програмите за различност, еднаквост и за инклузија.

Поврзани содржини