ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ НАЈДОА ВРЕМЕ ЗА СОСТАНОК ВО РИМ Средбата била многу продуктивна
Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари.
Американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски денеска имаа средба во Рим, пред погребот на папата Франциск. Портпаролот на Зеленски ја потврди средбата, додека Белата куќа ја оцени како „многу продуктивна“.
Тоа е прва средба помеѓу Трамп и Зеленски по вербалниот судир во Белата куќа во февруари.
Трамп претходно изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор.
– Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина. Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата – истакна Трамп.
Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека „Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна“.