ТРАМП И УРСУЛА ЌЕ ОДРЖАТ СОСТАНОК, АМА НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА Двајцата лидери имаа кратка средба на погребот на папата
Трамп не крие дека не ја сака многу ЕУ и истакнува дека претпочита средби со поединечни лидери на земјите-членки отколку со претставници на европските дваесет и седум.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за време на разговорите на маргините на погребот на папата Франциск во Рим да се сретнат на сè уште неопределен датум.
– За време на краткиот разговор, претседателката Фон дер Лајен и претседателот Трамп се согласија да се сретнат – изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, без да даде дополнителни детали.
Ова е објавено во време на високи тензии во трансатлантските односи и кога ЕУ е во процес на преговори со американската администрација за укинување на царините воведени од претседателот Трамп.
Трамп не крие дека не ја сака многу ЕУ и истакнува дека претпочита средби со поединечни лидери на земјите-членки отколку со претставници на европските дваесет и седум.