Трамп и Меланија се збогуваа со стотиците поддржувачи кои ги пречекаа: Ве сакаме и ќе се видиме повторно! (ФОТО)

Имавме неверојатно 4 години. Работевме напорно и се сакавме. Ви благодарам и на вам, мои поддржувачи, им благодарам на членовите на моето семејство и на сите мои соработници - рече Трамп.

721

Досегашниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја напушти Белата куќа и му го препушти претседателскиот Кабинет на новоизбраниот претседател Џо Бајден.






Toj, заедно со својата сопруга Меланија, слета во заедничката база Ендрус на неговата церемонија за испраќање.

– Имавме неверојатно 4 години. Работевме напорно и се сакавме. Ви благодарам и на вам, мои поддржувачи, им благодарам на членовите на моето семејство и на сите мои соработници. Ми беше огромна чест и привилегија да ви бидам претседател. Секогаш ќе се борам за вас, ќе ве слушам и ќе ве следам. Ве сакаме и ќе се видиме повторно – им порача Трамп на поддржувачите.

Поврзани содржини