📽️ ТРАМП И МАКРОН СЕ „БОРЕА“ ПОЗДРАВУВАЈЌИ СЕ Немирен гест на самитот за мир во Шарм ел Шеик
Снимката од „буткањето со раце“ се прошета на социјалните мрежи. Трамп и Макрон беа немирни при поздравувањето на самитот на кој беше потпишан Договорот за прекин на огнот во Газа.
Наместо зборови, дланките на американскиот и на францускиот претседател како да кажаа сè во Шарм ел Шеик. Доналд Трамп и Емануел Макрон речиси 30 секунди се бореа со рацете склопени во поздрав, додека се поздравуваа на самитот на кој беше потпишан Договорот за прекин на огнот во Газа.
Снимката од „буткањето со раце“ се прошета на социјалните мрежи.
Претходно, Трамп го нарече потпишувањето на договорот историско, велејќи дека денешниот ден, 13 октомври, е неверојатен ден за човештвото и дека со договорот била спречена Трета светска војна и поширок конфликт на Блискиот Исток.
Трамп, кој неодамна се позиционираше како посредник во блискоисточниот конфликт, учествувал на самитот каде што бил потпишан договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, со посредство на Египет, Катар и Турција.
JUST IN: 🇺🇸🇫🇷 President Trump and French President Macron seen ‘arm-wrestling’ at Peace Summit. pic.twitter.com/BGEoYjE7c6
— BRICS News (@BRICSinfo) October 13, 2025