ТРАМП И БЕЗОС ВО ВОЈНА Еден потег на милијардерот го налути шефот на Белата куќа
Компанијата соопшти дека идејата била разгледувана само за нејзината буџетска платформа Haul, што нуди евтини увозни производи, но никогаш не била одобрена и нема да се реализира.
Компанијата на милијардерот Џеф Безос „Амазон“ демантираше дека планира да става царини при вкупните цени за наплата на својата веб-страница, откако по информација на американските медиуми претседателот Доналд Трамп се пожали на основачот Џеф Безос, а Белата куќа го нарече потегот „непријателски и политички“.
Компанијата соопшти дека идејата била разгледувана само за нејзината буџетска платформа Haul, што нуди евтини увозни производи, но никогаш не била одобрена и нема да се реализира.
„Амазон“ исто така потврди дека не се разгледувани вакви промени за главниот веб сајт и дека досега нема направено никаква техничка промена.
Според порталот Punchbowl News, Амазон разгледувал ова да го воведе во пресрет на измените што администрацијата на Трамп планира да ги воведе од 2 мај, како што е најавеното укинување на ненаплата на царини за мали пратки од Кина, познато и како „de minimis“. Ова овозможуваше малите пакети испратени од Кина да не подлежат на оформување царински давачки и инспекции.
Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа, остро го критикуваше Амазон, зошто компанијата не реагирала „кога инфлацијата беше висока за време на администрацијата на Бајден“.
Амазон не коментiраше за телефонскиот разговор Трамп – Безос.
Двајца високи функционери на Белата куќа изјавија за Си-Ен-Ен дека лутиот Трамп вчера го повикал сопственикот на Амазон, Џеф Безос, за да се пожали на планот.
Подоцна во текот на денот, Трамп го нарече Безос „многу добар човек“ во разговор со новинарите.
– Тој беше многу љубезен, брзо го реши проблемот и го направи правилното – кратко коментираше американскиот претседател, објави Би-Би-Си.
Веста предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата за време на утринското тргување на берзата.