ТРАМП ГО ЗАМОЛИЛ ЕРДОГАН ДА РАЗГОВАРА СО ХАМАС И Турција вклучена во преговорите

Му објаснивме на господинот Трамп како може да се најде решение за Палестина – рече претседателот на Турција.

83

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја замолил Анкара да го искористи своето влијание и да го убеди Хамас да го прифати неговиот мировен план за запирање на конфликтот во Појасот Газа.

– И за време на нашата посета на САД, како и во последниот телефонски разговор, му објаснивме на господинот Трамп како може да се најде решение за Палестина. Тој тогаш изречно побара да се сретнеме со Хамас и да се обидеме да ги убедиме – рече Ердоган пред новинарите при враќањето од Азербејџан.






Турција повеќепати изразила поддршка за палестинските права, а Ердоган го нарекува Хамас „ослободително движење“, што често предизвикувало тензии со Израел и западните земји. Истовремено, Анкара одржува дипломатски врски и со Израел и со западните сојузници, па може да има улога на посредник во мировните напори.

Мировниот план на Трамп предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците, разоружување на Хамас и постепено повлекување на израелските сили од Газа, а предизвика мешани реакции низ регионот и светот.

Ердоган не откри дали контакт со Хамас веќе е воспоставен, но нагласи дека Турција е подготвена да придонесе за мир во регионот.

Поврзани содржини