ТРАМП ГО СМЕНИ САМИТОТ НА НАТО Сијатро тврди дека со претседателот на САД сега се зборува за мир, не за војна

Според унгарскиот министер, враќањето на Трамп на власт донело целосен пресврт во реториката и агендата на Алијансата, дозволувајќи отворање на теми кои претходно биле табу.

350

Присуството на американскиот претседател Доналд Трамп на лидерскиот самит на НАТО донесе радикална промена во однос на претходните години – фокусот беше преместен од поддршката за Украина кон јакнење на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на прес-конференција во Хаг.

– Ако треба да ја сумирам целата разлика помеѓу овој и минатите три самити во НАТО, би го направил тоа со само два збора – Доналд Трамп – порача Сијарто, пренесува унгарската агенција МТИ.






Според него, враќањето на Трамп на власт донело целосен пресврт во реториката и агендата на Алијансата, дозволувајќи отворање на теми кои претходно биле табу.

– Сега конечно секој може да ги користи зборовите мир, прекин на огнот и мировни преговори без да биде нападнат или осуден. Тоа е клучната разлика – истакна Сијарто.

Тој додаде дека самитот, за првпат по долго време, го вратил фокусот на самата Алијанса и зајакнувањето на трансатлантските одбранбени капацитети.

– Со Доналд Трамп, на дневен ред конечно беа НАТО и трансатлантската безбедност, а не неостварливи ветувања за членство на Украина – изјави шефот на унгарската дипломатија.

Сијарто се осврна и на завршната декларација, нарекувајќи ја „невообичаено кратка“, но содржајна.

– Иако има само осум страници, завршната изјава кажува многу повеќе од претходните. Повторно се потврдува посветеноста на членките кон член 5, заедничката одбрана, но и член 3, кој се однесува на обврските за национално одбранбено јакнење – нагласи Сијарто.

Поврзани содржини