ТРАМП ГО РЕШИ ВЕЧНИОТ ПРОБЛЕМ Азербејџан и Ерменија веќе никогаш нема да војуваат

Во присуство на американскиот лидер, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашињан изјавија дека тој заслужува Нобелова награда за мир, јавија американските медиуми.

1,653

Ерменија и Азербејџан ветија дека ќе престанат да се борат меѓусебно „засекогаш“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Двете земји со децении имаат територијален спор што доведе до неколку војни меѓу нив.

Во присуство на американскиот лидер, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашињан изјавија дека тој заслужува Нобелова награда за мир, јавија американските медиуми.






– Двете држави се посветени на „засекогаш да престанат да се борат, да ги отворат (своите граници) за трговија и патувања и да развиваат дипломатски односи, почитувајќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на другата страна – рече републиканецот.

– Ќе имате многу добри односи – им рече Трамп на своите двајца гости, додавајќи: „Ако не, јавете ми се и јас ќе средам“.

– Го поздравуваме успехот постигнат на патот кон воспоставување траен мир меѓу Ерменија и Азербејџан – соопшти турското Министерство за надворешни работи во коментар за договорите од Вашингтон.

Франција, дом на стотици илјади луѓе од ерменско потекло, го опиша договорот како „решавачки чекор кон нормализација на односите“ меѓу Баку и Ереван.

Опишувајќи го настанот како „историски ден“, Алиев предложи, заедно со Пашинјан, официјално да го номинира Трамп за Нобелова награда за мир.

– Кој друг освен претседателот Трамп го заслужува тоа? – праша тој, и му се заблагодари на својот американски колега.

Ерменскиот лидер, исто така, ја изрази својата поддршка за номинацијата на републиканецот за Нобелова награда за мир.
„Ние ќе ја поддржиме (неговата кандидатура)“, рече Пашинјан.

Израел, Пакистан и Камбоџа неодамна објавија дека и тие го номинираат Трамп, кој искрено верува дека ја заслужува наградата за неговите напори како медијатор во голем број конфликти.

Алиев и Пашинјан се ракуваа во присуство на Трамп и потпишаа заедничка декларација.

– Денес воспоставуваме мир на Кавказ – рече азербејџанскиот претседател. Ерменскиот премиер го опиша потпишувањето на документот како чекор „што го отвора патот за крај на долгогодишниот конфликт“.

Спогодбата склучена синоќа предвидува создавање транзитен коридор низ територијата на Ерменија, поврзувајќи го Азербејџан со неговата енклава Нахичеван, која е одвоена од неа.

Создавањето таков коридор е долгогодишно барање на Баку. Ќе се вика „Патот на Трамп кон светскиот мир и просперитет“. Американскиот претседател рече дека е многу почестен што коридорот е именуван по него, но нагласи дека не инсистирал на тоа. Според американските претставници, името е идеја на Ерменија.

САД ќе имаат право да учествуваат во изградбата на оваа зона, која ќе вклучува железница, нафтоводи и гасоводи и оптички кабли. Американски претставник нагласи дека Ерменија нема што да изгуби, бидејќи со договорот всушност добива од продлабочувањето на соработката со Вашингтон.

Поврзани содржини