ТРАМП ГО РАЗРЕШИ СОВЕТНИКОТ КОЈ УФРЛИ НОВИНАР ВО ГРУПЕН РАЗГОВОР Волц ќе биде амбасадор на САД во ОН

Мајк Волц работеше напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место. Знам дека ќе го стори истото и на својата нова улога, објави претседателот Трамп.

449

Претседателот на САД, Доналд Трамп потврди денеска дека го разрешува својот советник за национална безбедност Мајк Волц, кој ќе биде именуван за амбасадор на САД во Обединетите нации.

„Мајк Волц работеше напорно за да ги стави интересите на нашата нација на прво место. Знам дека ќе го стори истото и на својата нова улога“, објави Трамп на неговата мрежа Трут соушл.






Државниот секретар Марко Рубио сега ќе биде и „привремен“ советник за национална безбедност, наведе Трамп.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц, ќе ја напушти функцијата по скандалот во кој новинар случајно беше вклучен во групен чет-разговор меѓу функционери за воздушните напади врз Јемен.

Поранешниот американски конгресмен е првиот висок функционер што ја напушта администрацијата на Трамп.

Поврзани содржини