ТРАМП ГО ПРЕДИЗВИКУВА БАЈДЕН НА ДЕБАТА „Било кога, било каде“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) постојано тврдеше дека актуелниот претседател на САД, Џо Бајден (81) е премногу стар и заборавен, додека Бајден пак сугерираше дека Трамп е сенилен.

278

По „Супер вторникот“, за време на кој Доналд Трамп ја доби поддршката од републиканците за номинација за претседателски кандидат, а Џо Бајден поддршката од демократите, поранешниот американски претседател изјави дека ќе учествува во ТВ дуел со актуелниот претседател „било кога и било каде“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на внатрепартиските избори во 14 од 15 сојузни држави на САД за време на „Супер вторникот“, по што поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли официјално се откажа од својата кампања за претседателска номинација на Републиканската партија.






Неколку часа подоцна, во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Доналд Трамп го предизвика Џо Бајден на ТВ дебата.

„Важно е, за доброто на нашата земја, Џо Бајден и јас да разговараме за прашања кои се толку важни за Америка и за американскиот народ“ – објави Трамп.

Тој додаде дека таквите дебати може да ги води Демократскиот национален комитет, или Комисијата за претседателски дебати, која ги надгледуваше претседателските дебати во изминатите 30 години.

Тимот на Бајден наведува дека Трамп „е желен за внимание и се бори да привлече гласачи“.

Тие, исто така, му велат да го гледа обраќањето на претседателот за состојбата на Унијата пред Конгресот во четврток вечер.

Трамп (77) постојано тврдеше дека Бајден (81) е премногу стар и заборавен, додека Бајден пак сугерираше дека Трамп е сенилен.

Засега не е договорена дебата. Да потсетиме, Трамп беше жестоко критикуван откако одби да учествува во ТВ дебати со неговите републикански ривали за номинацијата на оваа партија за Белата куќа во овој изборен циклус.

Тој тогаш тврдеше дека нема што да добие од ваквите форуми, наведувајќи го неговото големо водство во анкетите.

Поврзани содржини