ТРАМП ГО ОДБИ ИЗРАЕЛ, НЕМА НАПАД ВРЗ ИРАНСКИТЕ ПОСТРОЈКИ Тел Авив планирал координирана акција со Вашингтон?

Белата куќа одлучила да им даде приоритет на дипломатските преговори со Иран одбивајќи го планот на Израел за напад врз нуклеарните постројки на Иран, пишува „Њујорк Тајмс“.

640

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одби да го поддржи планот на Израел за напад на иранските нуклеарни постројки. „Њујорк Тајмс“, цитирајќи високи американски претставници, пишува дека Белата куќа одлучила да им даде приоритет на дипломатските преговори со Техеран.

Весникот пишува дека Израел планирал да ги изврши нападите во мај со американска помош.






Лидерот на израелската Партија за национално единство, Бени Ганц, и јавно повика на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки. Неговиот повик доаѓа по одлуката на Трамп да не го поддржи планот на Израел.

– Иранскиот режим е експерт за одолговлекување. Државата Израел мора и може да ја отстрани заканата од нуклеарните капацитети на Иран – изјави Ганц на англиски преку социјалните мрежи, објави „Тајмс оф Израел“.

Во хебрејската верзија на пораката, Ганц експлицитно изјави дека „Израел мора и може да изврши напад врз Иран“, пренесува Танјуг.

Ганце смета дека „е време да се промени Блискиот Исток во тесна координација со нашиот голем сојузник, Соединетите Американски Држави“.

Во четвртокот, 17 април, Северна Кореја во четвртокот го обвини Израел дека експлицитно сака да ги окупира палестинските територии, критикувајќи ги обновените напади на Израел врз Појасот Газа, јавува Анадолија.

Државната корејска централна новинска агенција (КЦНА) го објави коментарот откако израелската војска ги обнови нападите врз Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со палестинската група Хамас што стапи на сила во јануари.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази благодарност до раководството и политичкото крило на противникот на Израел, групата Хамас, за ослободувањето на руските заложници во Појасот Газа.

 

Поврзани содржини