ТРАМП ГО НАПАДНА ТВИТЕР Мене ме банираа, а талибанците можат сѐ да пишуваат!

Твитер го забрани профилот на Трамп на 8 јануари, два дена по упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол. За разлика од него, портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, имаше активен профил со 322 илјади следбеници до вчеравечер, кога Твитер реши да ги осуди постовите со насилство.

512

„Срамота е кога мислите дека имате убијци и разбојници и диктатори и … многу морничави диктатори, држави и на сите им е дозволено да зборуваат, но претседателот на Соединетите американски држави, зад кого стојат стотици милиони луѓе, е „скинат“ од мрежата“.

Вака Трамп, во телефонско интервју за Newsmax, вчера го осуди фактот дека од 8 јануари годинава не може да објава на оваа социјална мрежа, а ги нарече талибанците „убијци и диктатори“, пишува Блиц. Поранешниот американски претседател секако мислеше на профилот на портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, каде Муџахид слободно објавуваше како и кога талибанците ќе ги прават своите идни акции.






Муџахид беше следен од повеќе од 322.000 луѓе, а неговиот профил беше активен се до вчеравечер кога Твитер и него го банираше. Од компанијата објаснија дека Твитер нема да поддржува величање насилство, но дека Твитер сака да им помогне на авганистанските граѓани.

– Приоритет на Твитер е безбедноста на луѓето, ние остануваме цврсто посветени на тоа. Ќе продолжиме да ги спроведуваме правилата на компанијата и ќе ги следиме содржините што можат да ги прекршат правилата на Твитер, особено правилата за величање на насилство, манипулација со платформата и спамирање – велат од компанијата.

Да се потсетиме, Твитер го забрани профилот на Трамп, два дена по упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол, а некои од нив, кои успеаја да влезат внатре, беа изнесени пред американскиот суд. Во тоа време, Трамп имаше повеќе од 80 милиони следбеници на твитер-профилот.

Поврзани содржини