ТРАМП ГИ ВРАЌА ВОЈНИЦИТЕ КОИ ОДБИЛЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 Новиот претседател на САД наскоро ќе потпише указ
Американскиот државен секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека Трамп наскоро ќе потпише извршни наредби за отстранување на различноста, еднаквоста и инклузијата (ДЕИ) од војската и враќање на илјадници војници кои беа исфрлени од војската затоа што одбија да примаат вакцини против ковид-19 за време на пандемијата.
Американскиот државен секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека новиот американски претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршни наредби за отстранување на различноста, еднаквоста и инклузијата (ДЕИ) од војската и враќање на илјадници војници кои беа исфрлени од војската затоа што одбија да примаат вакцини против ковид-19 за време на пандемијата.
– Доаѓаат повеќе извршни наредби – изјави Хегсет по пристигнувањето во Пентагон на неговиот прв работен ден.
Хегсет вети дека ќе донесе големи промени во Пентагон и елиминирањето на ДЕИ од војската го постави како приоритет.
Исто така, Трамп се очекува денеска да потпише извршна наредба со која се предвидува создавање на противракетен одбранбен штит „Железна купола“ за државата, јави Си-Ен-Ен.
Трамп претходно вети дека ќе изгради таков систем, сличен на истоимениот ракетен одбранбен систем на Израел, како дел од мерките за зајакнување на американската воена безбедност.