ТРАМП ГИ УКИНУВА КВАРТАЛНИТЕ ИЗВЕШТАИ НА КОМПАНИИТЕ Американската комисија за хартии од вредност го разгледува предлогот
Промената нема да бара одобрение од Конгресот, туку мнозинско гласање во Комисијата за хартии од вредност, каде што републиканците моментално имаат мнозинство од 3-1, со едно слободно место.
Претседателот на САД Доналд Трамп, ги повика американските компании да ги укинат кварталните деловни извештаи и да преминат на полугодишно известување, а Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) објави дека го разгледува овој предлог.
Според американскиот претседател, оваа промена ќе им заштеди пари на компаниите и ќе им овозможи на менаџерите да се фокусираат на водењето на своите компании.
Трамп, исто така, ја критикуваше практиката на американските компании да се фокусираат на краткорочни резултати, за разлика од кинеските фирми кои имаат долгорочен пристап.
Предлогот на Трамп наликува на практиката во Велика Британија и Европската Унија, каде што компаниите обично известуваат на шестмесечна основа, но можат, доколку сакаат, да објавуваат и квартални извештаи.
Промената нема да бара одобрение од Конгресот, туку мнозинско гласање во Комисијата за хартии од вредност, каде што републиканците моментално имаат мнозинство од 3-1, со едно слободно место.
Процесот би можел да трае од шест до 12 месеци.
Спротивно на тоа, поддржувачите на сегашниот систем истакнуваат дека кварталните извештаи им обезбедуваат на инвеститорите навремени информации и транспарентност.
Експертите предупредуваат дека преминот кон полугодишни извештаи може негативно да влијае на комуникацијата на компаниите со инвеститорите и потенцијално да ја попречи транспарентноста на пазарот, особено за компаниите со голем капитал и брз раст на приходите.
Познатиот инвеститор Ворен Бафет и извршниот директор на најголемата американска банка, JP Morgan Chase, Џејми Дајмон, претходно се залагаа за укинување на кварталните насоки, но не и на сите извештаи за заработка.