ТРАМП ГИ ПОВИКА СОЈУЗНИЦИТЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ОТВОРАЊЕТО НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Франција веднаш возврати да не крева паника

Американскиот претседател вели дека оваа ситуација ќе „го обедини светот кон хармонија, безбедност и вечен мир“.

1,161

Американскиот претседател Доналд Трамп денес, по втор пат во последните неколку часа, ги повика сојузниците воено да се вклучат во отворањето на Ормускиот теснец.

Во првата објава на својата социјална мрежа, Трамп ги повика многу земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Кина, Јапонија и Јужна Кореја, да им се придружат на САД во испраќањето на своите воени бродови за да им дозволат на танкерите и контејнерските бродови да поминат низ еден од најважните светски бродски патишта.






-Земјите што набавуваат нафта преку Ормускиот теснец мора да се грижат за тој премин, а ние ќе им помогнеме – многу. САД ќе соработуваат со тие земји за сè да оди брзо, непречено и добро. Секогаш требаше да биде тимска работа, а сега ќе биде – рече Трамп.

Тој додаде дека оваа ситуација ќе „го обедини светот кон хармонија, безбедност и вечен мир“.

Веднаш по објавата на Трамп, Франција соопшти дека  нема да испраќа воени бродови во Ормускиот теснец., објави француското Министерство за надворешни работи.

„Не. Ударната група (француски) носач на авиони останува во источниот Медитеран. Француската мисија останува: одбранбена и заштитна. Престанете да ширите паника“, соопшти  француското Министерство за надворешни работи.

 

Поврзани содржини