ТРАМП ГИ ПОВИКА КОМПАНИИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА Кина возврати со повисока царина
Кина најави дека од утре ќе ги оданочува американските стоки со царинска стапка од 84%.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика американските компании да се вратат дома како што тоа го строи Епл која деновиве ја повлече својата филијала од Кина. За воврат, како што напиша на својата социјална мрежа Truth Social ќе добијат приклучок за енергија и нема да плаќаат даноци.
„Ова е одлично време да ја преместите вашата компанија во САД, како што тоа го прават Apple и многу други во рекорден број. Нула данок и речиси моментално поврзување со електрична енергија и одобренија за енергија. Нема чекање. Не чекајте, направете го сега“, напиша Трамп.
Кина најави дека од утре ќе ги оданочува американските стоки со царинска стапка од 84% што претставува зголемување од 50% во однос на претходните кинески царини, како одговор на последната царинска стапка што ја одреди Трамп за кинеските производи која се искачи на 104%.