Американскиот претседател Доналд Трамп (73) во неделата им испрати јасна порака преку Твитер на сопружниците Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) во врска со трошоците на нивното осигурување.
„Сега тие ја напуштија Канада и се преселија во Соединетите Држави, но САД нема да плаќа за нивното осигурување. Нека плаќаат сами!“, порачал Трамп.
Набргу потоа, се огласи портпаролката на поранешната кралска двојка и рече дека тие не планираат да побараат помош од американската влада за да ги покријат трошоците за осигурувањето.
„Војводата и војвотката од Сасекс не планираат да бараат заштита од американската влада. Веќе е направен аранжман за приватно финансирање на заштитата“, истакнала таа.
Инаку, Меган и Хари со нивниот син Арчи, како што пишуваат странските медиуми, се преселија од Ванкувер во Лос Анџелес. Таму ќе ѝ биде полесно на Маркл да ја продолжи актерската кариера која ја остави заради кралското семејство, а таму живее и нејзината мајка Дорија.