ТРАМП ГИ ОТВОРИ ДОСИЕЈАТА ЗА ГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ АТЕНТАТИ Дали ќе се реши загатката за убиствата на Кенеди и на Мартин Лутер Кинг?
Трамп, исто така, потпиша извршна наредба за помилување на 23 лица обвинети од претходната администрација за учество во протести против абортусот.
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на досиејата на американската влада за атентатите врз претседателот Џон Кенеди во 1963 година, неговиот брат Роберт Ф. Кенеди во 1968 година и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг истата година.
– Се ќе биде откриено – изјави американскиот претседател за новинарите додека го потпишуваше указот во Овалната соба на Белата куќа.
Трамп, исто така, потпиша извршна наредба за помилување на 23 лица обвинети од претходната администрација за учество во протести против абортусот.
– Тие лица не требаше да бидат кривично гонети – рече американскиот претседател, додавајќи дека му е чест што потпишал таков указ.
Трамп рече дека ќе поднесе жалба на одлуката на федералниот судија кој привремено суспендираше оспорување на државјанство по раѓање.