📽 ТРАМП ГИ ИСПУШТИ ДОКУМЕНТИТЕ, СТАРМЕР ГИ ДОФАТИ Договорот е завршен, но Лондон уште чека за 0% царини

Американскиот претседател не кажа дали даноците за британскиот извоз на челик во САД ќе бидат поставени на 0%, велејќи „ќе ви ги дадеме тие информации за кратко време“. Стармер кревајќи ги листовите од земјата рече дека се работи за многу важен документ.

1,201

Неколку листови од врзопчето на новиот трговски договор меѓу САД и Велика Британија паднаа додека американскиот претседател Доналд Трамп побрза да им го покаже договорот на новинарите на самитот Г7 во Канада. Британскиот премиер Кир Стармер кој беше со Трамп побрза да ги крене листовите, велејќи: „Многу важен документ“.

Трамп рече дека договорот „е завршен“ и дека Велика Британија сега е „многу добро заштитена“ од какви било идни царини, велејќи:






– Знаете зошто? Затоа што (Британците) ми се допаѓаат.

Сепак, тој не кажа дали даноците за британскиот извоз на челик во САД ќе бидат поставени на 0%, велејќи „ќе ви ги дадеме тие информации за кратко време“.

„Скај Њуз“ пишува дека Велика Британија е единствената земја ослободена од глобалната царинска стапка на САД од 50% за челик, што значи дека стапката на Велика Британија останува на првичното ниво од 25%. Други клучни делови од договорот вклучуваат квоти за увоз и извоз за говедско месо.

Трамп го напушти самитот во Канада и е на пат кон Вашингтон. Тој тврдеше не си отишол од настанот предвреме и остро го критикуваше својот француски колега Емануел Макрон за тоа што ги претставува работите на тој начин.

Белата куќа претходно соопшти дека американскиот претседател ќе го напушти самитот на Г7 предвреме поради конфликтот меѓу Израел и Иран.

 

Поврзани содржини