ТРАМП Е ЖИВ, ЛОША ВЕСТ ЗА МЕРЦ И ЗА МАКРОН Медведев ги нарече европските лидери „идентични близнаци изроди“

Едниот копнее за одмазда, а другиот, 'петелот', се плаши од предаторот на портата и дури се обидува да го уценува Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, напиша некогашниот претседател на Русија.

818

Вестите од фронтот во Украина и фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп е жив, се „лоша комбинација за европските лидери“ како што се германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон, тврди некогашниот руски претседател Дмитриј Медведев во нова објава на Телеграм.

Според Медведев, западните политичари „вознемирено“ ги следат настаните на фронтот, но се свесни и дека Трамп, кој се залага за мирно решение на кризата, останува клучен фактор на светската сцена. Tој ги нарече Мерц и Макрон „идентични близнаци“ и „ретки изроди“.






„Едниот копнее за одмазда, а другиот, ‘петелот’, се плаши од предаторот на портата и дури се обидува да го уценува Трамп со рускиот претседател Владимир Путин“, пишува Медведев.

Додека Париз и Берлин бараат нови санкции и сè поцврста приврзаност на Европа кон воената стратегија, Москва продолжува да нагласува дека клучот за решение лежи во преговорите, во кои, како што верува Кремљ, Трамп може да игра значајна улога.

Францускиот политичар Флоријан Филип, пак, го обвини Макрон дека се обидува да создаде атмосфера погодна за испраќање француски војници во Украина, што дополнително би ја продлабочило кризата.

 

Поврзани содржини