ТРАМП Е „ЗА“ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА ВО ФЛОРИДА „Само не на јавни места, за да не смрдиме како Демократите“
Во врска со легализирањето на марихуаната за лична употреба, Трамп рече дека ќе треба да постојат правила за да се „забрани употребата на јавни места, за да не мирисаме марихуана каде и да одиме, како што правиме во многу градови управувани од демократите“.
Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп укажа дека ќе гласа за легализација на марихуаната за лична употреба во државата Флорида кајшто тој живее, пред да се гласа за ова прашање во ноември. Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека гласачите со голема веројатност ќе ја одобрат мерката „без разлика дали тоа им се допаѓа на луѓето или не“ и дека затоа „тоа треба да се направи правилно“, пренесува Би-Би-Си.
Трамп рече:
– Некој не треба да биде криминалец во Флорида, кога тоа е легално во многу други држави. Не треба да уништуваме животи и да ги трошиме доларите на даночните обврзници апсејќи возрасни лица со лични износи на нив.
Предлогот е еден од бројните амандмани за кои жителите на Флорида ќе гласаат во ноември, во исто време кога САД ќе го изберат својот нов претседател.
Ставот на Трамп го става во судир со други високи републикански фигури, вклучително и гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, кој тврди дека легализирањето на рекреативната употреба на канабис „ќе биде лошо за квалитетот на животот“. Медицинската марихуана стана легална во Флорида во 2016 година. Канабисот и за лична и за медицинска употреба е легален во 24 американски држави, според Истражувачкиот центар Пју.
Во уште 14 држави во САД канабисот е легален, но само за медицинска употреба.
Во врска со легализирањето на марихуаната за лична употреба, Трамп рече дека ќе треба да постојат правила за да се „забрани употребата на јавни места, за да не мирисаме марихуана каде и да одиме, како што правиме во многу градови управувани од демократите“.
Во Калифорнија, каде личната употреба беше легализирана во 2016 година, продажбата на марихуана лани достигна 4,4 милијарди долари.