📽️ ТРАМП Е УБЕДЕН ДЕКА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА МИР ВО УКРАИНА СЕ ВО ЗАВРШНА ФАЗА Зеленски сака мир „што е можно побрзо“

Украинските и американските тимови составија 90%од планот во 20 точки и ќе разговараме за сите точки, вклучително и за прашањето за териториите

632

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида изјави дека верува оти разговорите за завршување на војната на Русија во Украина се во „завршна фаза“.

Тој рече декаи покрај недостатокот на детали, дефинитивно ќе биде склучен безбедносен договор. Според него, тој ќе биде силен, а европските земји ќе играат клучна улога во него.






Трамп нагласи дека европските партнери активно го поддржуваат процесот на преговори и се заинтересирани за постигнување договор:

– Сите тие го сакаат ова и се многу поддржувачки.

Коментарите на Трамп следеа по претходниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, за кого Трамп рече дека е „многу сериозен“ во врска со завршувањето на војната.

-Ќе го повикам и претседателот Путин по состанокот со Зеленски и ќе продолжиме со преговорите – рече Трамп.

Трамп претходно рече дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин.

„Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател (Владимир) Путин“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, без да открие детали од разговорот.

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред почетокот на разговорите со американскиот претседател  изјави дека се надева дека разговорите ќе донесат мир „што е можно побрзо“.

Зеленски изјави дека на состанокот ќе се разговара за стратегиите за напредок во реализацијата на планот за завршување на војната во Украина.

На прашање дали верува дека ќе има територијални отстапки, тој рече дека на состанокот ќе се разговара и за таа тема.

-Украинските и американските тимови составија 90%од планот во 20 точки и ќе разговараме за сите точки, вклучително и за прашањето за териториите – рече Зеленски.

Поврзани содржини