ТРАМП Е СПРЕМЕН ЗА ПОСИЛНИ САНКЦИИ КОН РУСИЈА Нападот врз Киев ги отвори прашањата за промена на политиката

Изјавата на Трамп следи по масовниот руски воздушен напад врз повеќе градови во Украина во кој загинаа 5 лица, меѓу кои и тримесечно бебе. Руски дронови утринава, 7 септември, за првпат ја погодија владината зграда во Киев, веднаш зад главниот плоштад Мајдан.

247

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува нови санкции против Русија. На прашањето на новинарите дали е подготвен да покрене нова рунда санкции тој излегувајќи од Белата куќа кратко одговори „Подготвен сум“.

Изјавата на Трамп следи по масовниот руски воздушен напад врз повеќе градови во Украина во кој загинаа 5 лица, меѓу кои и тримесечно бебе. Руски дронови утринава, 7 септември, за првпат ја погодија владината зграда во Киев, веднаш зад главниот плоштко






Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, претходно денеска изјави дека САД се „подготвени да го зголемат притисокот“ врз Русија за да ја заврши војната во Украина, но дека очекува нивните европски партнери да го следат примерот.

– Во трка сме со времето – прашањето е колку долго може да издржи украинската војска и колку долго може да издржи руската економија – рече Бесен.

 

Поврзани содржини