ТРАМП ЌЕ СЕ ЖАЛИ НА ДАТУМОТ ЗА СУДЕЊЕ НА ЕДЕН ОД ПРЕДМЕТИТЕ Се совпаѓа со денот за претседателска номинација
Адвокатите на Трамп побараа судењата да почнат во април 2026 година, долго по претседателските избори во ноември 2024 година, тврдејќи дека им треба време да ги поминат 12,8 милиони страници докази што ги собрале обвинителите.
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека ќе поднесе жалба на датумот на судење, одреден за март 2024 година, поради кривичните обвиненија дека се обидел да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година.
Судењето на Трамп треба да почне еден ден пред „супер вторник“, кога бројни држави одлучуваат за претседателската номинација.
– Ќе се жалам – објави Трамп на платформата Truth Social, велејќи дека истрагата е политички мотивирана.
Тој не соопшти други детали.
Судијката Тања Чуткан одреди судењето на Трамп пред федералниот суд во Вашингтон да почне на 4 март. Тоа е една од четирите кривични постапки кои се покренати против поранешниот американски претседател.
Одлуката на судијката Тања Чуткан значи дека на Трамп најверојатно ќе мора да му се суди во најмалку три различни случаи во екот на трката за републиканска претседателска номинација. Датумот на четвртото судење сè уште не е одреден.
Адвокатите на Трамп побараа судењата да почнат во април 2026 година, долго по претседателските избори во ноември 2024 година, тврдејќи дека им треба време да ги поминат 12,8 милиони страници докази што ги собрале обвинителите.
Но, Чуткан одлучи дека не им треба толку долго. „Предлогот на одбрана, април 2026 година, е многу повеќе отколку што е потребно“, рече судијката.