ТРАМП ЌЕ СЕ ПРЕДАДЕ НА СУДОТ Кауцијата е 200.000 долари, условот е да не зборува или да заплашува јавно за случајот

Обвинителката предложила судењето да започне на 4 март, денот кога токму ќе започнат првите предизбори во Репулбиканската партија. Таа ги повикала останатите обвинети до петок да му се предадат на судот во округот Фултон.

622

Кауција од 200.000 долари и услов да не заплашува други лица или сведоци во врска со случајот му одреди сојузната држава Џорџија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тој е обвинет дека пробал да го поништи изборниот резултат во таа држава во 2020 година, пишува Асошиејтед Прес.

На Трамп, исто така, му е забрането да зборува „на кој било начин, директно или индиректно“ за фактите на случајот со други обвинети или сведоци, освен преку адвокат. Тоа вклучува и факти во врска со кобниот 6 јануари кога беше упадот во Капитол во САД.






Трамп на својата социјална мрежа Социјална Вистина објави дека во четврток ќе се предаде во Џорџија за да се соочи со обвинувањата. Тој напиша дека в четврток ќе го „уапси радикално левата окружна обвинителка Фани Вилис“, демократска функционерка на Џорџија којашто го подигна четвртото обвинение годинава против поранешниот претседател.

Според Трамп, Фани Вилис делува „во строга координација со нечесното министерство на американскиот претседател Џо Бајден. Станува збор за мешање во изборите“.

Широка е јавната дебата во САД во врска со тоа дали и кога треба да биде суден поранешниот американски претседател.

Обвинителката предложила судењето да започне на 4 март, денот кога токму ќе започнат првите предизбори во Репулбиканската партија. Таа ги повикала останатите обвинети до петок да му се предадат на судот во округот Фултон.

Во меѓувреме Трамп има убедлива предност пред своите ривали во Републиканската партија. Тој најави дека нема да учествува во дебатите во кампањата.

Специјалниот обвинител Џек Смит побара судењето да биде на 2 јануари догодина, веднаш пред првото гласање на републиканските предизбори. Тој не го прифати барањето на адвокатката на Трамп судењето да биде закажано за април 2026 година, што би било една година откако ќе биде инаугуриран новиот американски претседател.

– Предложениот датум на судењето 2026 година би ѝ го ускратил на јавноста правото на брзо судење – рече специјалниот обвинител Смит кој е функционер во администрацијата на демократскиот претседател Бајден.

Судијката Тања Чуткин за датумот за почетокот на судењето ќе решава на рочиштето на 28-ми август.

Трамп, исто така, се соочува со судење во Њујорк во март 2024 година, поради наводно недозволено плаќање на порно ѕвезда за да молчи за нивна наводна врска што се толкува како обид да ги изигра правилата за финансирање пред кампањата за изборите во 2016 година.

Во мај Трамп би требало да седне на обвинителното столче за наводна злоупотреба на строго доверливи државни документи кои ги зел од Белата куќа кога заминувал од должноста.

ТРАМП ДО ПЕТОК ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЗАД РЕШЕТКИ? Официјални лица велат дека сам ќе се предаде

 

Поврзани содржини