🎥 ТРАМП Е РАЗОЧАРАН ОД ПУТИН Денеска ќе разговара и со Зеленски

Трамп рече дека телефонскиот повик со Путин не довел до никаков напредок во напорите за завршување на војната во Украина.

194

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово изјави дека е разочаран од рускиот лидер и не мисли дека Владимир Путин ќе ја запре војната во Украина.

Трамп, исто така, рече дека подоцна денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.






Синоќа, Трамп рече дека телефонскиот повик со Путин не довел до никаков напредок во напорите за завршување на војната во Украина.

-Имавме повик. Беше прилично долг разговор. Разговаравме за многу теми, вклучувајќи го и Иран. Разговаравме и за војната со Украина и не сум задоволен од тоа – рече Трамп пред летот за настанот во Ајова.

На прашањето дали постигнал некаков напредок со Путин за време на разговорот, Трамп одговори:

-Не, денес воопшто не постигнав никаков напредок со него.

Поврзани содржини