ТРАМП ЌЕ ПОТПИШЕ ПОВЕЌЕ ОД 100 УКАЗИ ВО ПРВИТЕ ДЕНОВИ ОД МАНДАТОТ Новата власт ќе повлече многу извршни наредби на администрацијата на Бајден
Соработниците на новоизбраниот претседател подготвуваат серија извршни наредби што Трамп би можел наскоро да ги потпише, а се однесуваат на широк спектар на теми: од заострување на контролите на границата меѓу САД и Мексико, до енергетските и федералните закони за работни односи, до образовните политики, политиките поврзани со родовата припадност и вакцините.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да потпише повеќе од 100 извршни наредби во првите денови од неговиот нов мандат за да ги спроведе ветените политики во кампањата, поврзани со безбедноста на границите, депортациите и другите приоритети, јавија медиумите од САД.
Трамп ова им го кажа на републиканските сенатори за време на приватна средба во Конгресот.
Се очекува голем дел од указите да бидат потпишани на денот на неговата инаугурација на 20 јануари. Главниот советник на Трамп, Стивен Милер, им ги претстави на сенаторите мерките што првин ќе се преземат.
Соработниците на новоизбраниот претседател подготвуваат серија извршни наредби што Трамп би можел наскоро да ги потпише, а се однесуваат на широк спектар на теми: од заострување на контролите на границата меѓу САД и Мексико, до енергетските и федералните закони за работни односи, до образовните политики, политиките поврзани со родовата припадност и вакцините.
Американските медиуми забележуваат дека тоа се ветувања, дадени за време на неговата изборна кампања.
Сенаторите, информирани од Трамп и од неговиот тим, очекуваат новата администрација да повлече многу извршни наредби на администрацијата на Бајден.