ТРАМП Е ПОДГОТВЕН ЗА НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА Стигна одговор дека санкциите се бескорисни кога со нив се врши притисок врз Русија

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека САД и ЕУ размислуваат за воведување „секундарни тарифи“ на земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, што, според Вашингтон, би можело сериозно да ја погоди руската економија и да ја принуди Москва да преговара.

925

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе „втора фаза“ од санкциите против Русија, што се змета за најконкретен сигнал дека Вашингтон размислува за зголемување на економскиот притисок врз Москва или врз земјите што купуваат нејзина нафта.

На прашањето на новинарите во Белата куќа дали е подготвен да го направи следниот чекор, Трамп кратко одговори:„Да, сум“, но не даде детали.






Досега, тој постојано се закануваше со нови мерки, иако во исто време се обидуваше да започне мировни преговори.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека САД и ЕУ размислуваат за воведување „секундарни тарифи“ на земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта, што, според Вашингтон, би можело сериозно да ја погоди руската економија и да ја принуди Москва да преговара.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, веднаш реагираше на најавите на Трамп, велејќи дека долгорочните мерки на Западот немале ефект.

– Оваа невидена количина санкции воведени кон нашата земја во последните години се покажа како апсолутно бескорисна кога станува збор за вршење притисок врз Русија – рече Песков во видео обраќање.

Се потсетува дека Кина останува најголем купувач на руски енергетски производи, и дека Москва и Пекинг ја интензивираат соработката, вклучително и изградбата на гасоводот „Моќта на Сибир 2“.

Поврзани содржини