ТРАМП ЌЕ МУ ТЕЛЕФОНИРА НА ПУТИН, ЌЕ ГИ СПОМНЕ ЛИ „ТОМАХАВКИТЕ“? Повикот од шефот на САД доаѓа пред најавената средба со Зеленски

Аксиос потсетува дека Трамп минатата недела изјави дека му кажал на Зеленски дека би можел да му постави нов ултиматум на Путин, или да започне сериозни мировни преговори, или да се соочи со можноста Украина да ги добие овие ракети. Но, Асошиејтед прес пишува дека, според одбранбени експерти, освен ракетите Томахавк, на средбата Трамп-Зеленски може да се разгледуваат и други алтернативи — како АТАКМС, ЕРАМ системи или балистички ракети со долг дострел.

527

Американскиот портал Аксиос (Axios), повикувајќи се на неименувани извори, објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп денеска телефонски ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин за војната во Украина.

Разговорот Трамп – Путин ќе се одржи еден ден пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.






Предвидено е Трамп и Зеленски да разговараат за можноста Украина да добие ракети со долг дострел Томахавк.

Аксиос потсетува дека Трамп минатата недела изјави дека му кажал на Зеленски дека би можел да му постави нов ултиматум на Путин, или да започне сериозни мировни преговори, или да се соочи со можноста Украина да ги добие овие ракети.

Ракетите Томахавк се крстаречки ракети со долг дострел, кои можат да дејствуваат подлабоко на непријателски територии, вклучително и во руски градови или во тила на стратегиски инфраструктурни цели.

Асошиејтед прес пишува дека,  според одбранбени експерти, освен ракетите Томахавк, на средбата Трамп-Зеленски може да се разгледуваат и други алтернативи — како АТАКМС, ЕРАМ системи или балистички ракети со долг дострел кои можеби би биле оперативно пофлексибилни.

Поврзани содржини