ТРАМП ЌЕ ГО ВРАБОТИ МАСК КАКО СОВЕТНИК ВО БЕЛАТА КУЌА Преговорите се веќе започнати

Весникот наведува дека Трамп и Маск разговарале како сопственикот на Тесла може да постигне „формален придонес и влијание“ врз економската и граничната безбедносна политика.

580

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп размислува да работи со бизнисменот Илон Маск како советник доколку тој се врати во Белата куќа по изборите во ноември, објави денеска Вол Стрит Џурнал (Wall Street Journal) повикувајќи се на свои извори.

Весникот наведува дека Трамп и Маск разговарале како сопственикот на Тесла може да постигне „формален придонес и влијание“ врз економската и граничната безбедносна политика.






Маск, наводно, го известил републиканскиот кандидат за тоа на кој начин води кампања за влијание чија цел е да ги убеди бизнисмените да не го поддржат претседателот Џозеф Бајден во ноември.

Поврзани содржини