ТРАМП ЌЕ ГИ ВРАТИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ И ЌЕ ГО ПОРАЗИ ИРАН Новиот министер за одбрана на Израел очекува САД да ја порази „оската на злото“

Израел Кац му ја честиташе победата на Доналд Трамп и изрази надеж дека САД и Израел заедно ќе ја победат „оската на злото“.

791

Израел Кац е толку свежо назначен за министер за одбрана во владата на Бенјамин Нетанјаху, што неговиот профил на социјалните мрежи сè уште го опишува како министер за надворешни работи, што и беше до вчера. Тој исто така му упати топли честитки на Доналд Трамп, објави британски Гардијан.






„Честитки до новоизбраниот претседател Доналд Трамп за неговата историска победа. Заедно ќе ја зајакнеме американско-израелската алијанса, ќе ги вратиме заложниците и ќе застанеме цврсто да ја победиме оската на злото, предводена од Иран“, напипа Кац на својот профил на Икс.

Поврзани содржини