ТРАМП ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД СЗО НА ПРВИОТ РАБОТЕН ДЕН? Неговиот тим размислува за симболичен потег

Според резолуцијата на Конгресот од 1948 година, САД можат да се повлечат од СЗО, но мора да дадат известување една година претходно и да ги платат ненамирените такси. Тимот на Трамп, сепак, не коментираше директно за потенцијалното повлекување, забележа ФТ.

753

Тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се надева дека ќе ја повлече земјата од Светската здравствена организација(СЗО) на првиот ден од новата администрација, објави Фајненшл тајмс повикувајќи се на здравствени експерти.

Транзицискиот тим сака Трамп да се повлече од СЗО уште првиот ден, поради „симболиката“ на поништување на потегот што Џо Бајден го направи на денот на сопствената инаугурација, напиша ФТ.






Бајден, кој дојде на чело на земјата по првиот мандат на Трамп ги обнови односите со телото на Обединетите Нации, откако неговиот тогашен претходник Трамп иницираше процес на повлекување, по неговите критики за справувањето на СЗО со пандемијата на коронавирусот во 2020 година.

Според резолуцијата на Конгресот од 1948 година, САД можат да се повлечат од СЗО, но мора да дадат известување една година претходно и да ги платат ненамирените такси. Тимот на Трамп, сепак, не коментираше директно за потенцијалното повлекување, забележа ФТ.

Во моментот САД се еден од главните извори на финансирање на организацијата.

 

Поврзани содржини