ТРАМП ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ КАКО ОСУДЕН КРИМИНАЛЕЦ Изрекувањето на казната е закажано за 10 јануари

Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“.

476

Судијата Хуан Мерчан од Њујорк, кој го води случајот против избраниот американски претседател Доналд Трамп, објави дека изрекувањето на казната за Трамп е закажано за 10 јануари, само десет дена пред неговата инаугурација.

Судијата истакна дека нема да му биде одредена затворска казна и додаде дека и обвинителството не смета дека затворот би бил соодветна санкција..






Во својата изјава, судијата истакна дека е наклонет кон безусловно ослободување, што подразбира дека осудата останува на сила, но без затвор, парична казна или условна казна. Оваа одлука би му овозможила на Трамп да ја преземе функцијата во Белата куќа, но како осуден криминалец.

Случајот против Трамп се однесува на исплата на пари за молчење на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасни, со цел да се прикрие наводна врска меѓу неа и Трамп од 2006 година. Овие исплати биле извршени пред претседателските избори во 2016 година, а на судењето во мај минатата година, Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки за фалсификување деловни документи.

Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“.

Адвокатите на Трамп се обидоа да го поништат случајот, повикувајќи се на различни правни основи, вклучувајќи ја и одлуката на Врховниот суд, според која поранешните претседатели уживаат широк имунитет од кривично гонење за официјални дејствија преземени за време на мандатот.

Изрекувањето на казната е клучен момент во овој историски случај, бидејќи Доналд Трамп е првиот поранешен американски претседател кој бил осуден за кривично дело.

Поврзани содржини