Трамп добива езеро на границата помеѓу Косово и Србија (ФОТО)

„Газета експрес“ дознава дека и косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ изразиле подготвеност да го прифатат името.

544

Србија и Косово се согласија да го именуваат езерото на спорна територија според претседателот Доналд Трамп, пренесува „Газета експрес“.

Езерото, познато кај Косоварите како Ујман, а кај Србите како Газивода, е предмет на спор меѓу двете земји: околу 80 отсто од неовите води се на Косово, а 20 отсто во Србија. Во четвртокот кај езерото се појави транспарент на кој пишуваше Езеро Трамп.






„Газета експрес“ дознава дека и косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ изразиле подготвеност да го прифатат името.

„Како да се нарече езерото што е на Косово и на Србија е е сериозна точка на застој и покрај договорениот компромис од САД за почнување физибилити студија за создавање работни места и поголема енергија за регионот … така што двете страни се согласија за ново име – Езеро Трамп“, напиша поранешниот в.д. директор на Националното разузнавање (ДНИ) Ричард Гренел на Твитер.

Поврзани содржини