ТРАМП ДОБИ ЗАКАНИ ОД TЕХЕРАН? „Ако е така, Иран да биде на парчиња“
Да бев претседател, би ја известил заканувачката земја, во овој случај Иран, дека ако направите нешто за да ѝ наштетите на оваа личност, ќе ги разнесеме на парчиња вашите најголеми градови и самата земја, рече американскиот екс-претседател Доналд Трамп на настан од кампањата во Северна Каролина.
Доналд Трамп рече дека Иран треба да биде разнесен „на парчиња“ доколку Исламската република е вмешана во повредување американски кандидат за претседател или поранешен претседател, откако американските разузнавачи предупредија на закани од Техеран против животот на републиканецот.
– Да бев претседател, би ја известил заканувачката земја, во овој случај Иран, дека ако направите нешто за да ѝ наштетите на оваа личност, ќе ги разнесеме на парчиња вашите најголеми градови и самата земја – рече Трамп на настан од кампањата во Северна Каролина.