ТРАМП ДО ПЕТОК ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЗАД РЕШЕТКИ? Официјални лица велат дека сам ќе се предаде

Обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис пред неколку дена ѝм даде рок на Трамп и на неговите наводни соработници до следниот петок да се предадат.

868

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се предаде во затворот во округот Фултон во Џорџија до крајот на следната недела, објави телевизијата Ен-би-си, повикувајќи се на три неименувани официјални лица.

Тие изјавија дека предавањето нема да се случи пред четврток и дека плановите се финализираат, но дека сѐ уште ништо не е официјално. Обвинителката на округот Фултон, Фани Вилис пред неколку дена ѝм даде рок на Трамп и на неговите наводни соработници до следниот петок да се предадат.






Поранешниот претседател и неговите соработници се обвинети за обид да се поништат резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои Трамп загуби од актуелниот американски претседател Џозеф Бајден.

Поврзани содржини