ТРАМП ДАВА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА РУСКА НАФТА КОН КУБА „Ионака е готов режимот во Хавана“
Шефот на САД дозволува испорака на нафта кон Куба и покрај санкциите, тврдејќи дека тоа нема да има значително геополитичко влијание и дека „Куба е готова“. Трамп отфрли дека му помага на рускиот лидер Владимир Путин.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема проблем со руски танкер со нафта да стигне до Куба и покрај санкциите за Москва. Пораката ја испрати од „Ер Форс Уан“, нагласувајќи дека испораката е неопходна за преживување на островот.
– Немаме проблем некој да добие нафта затоа што му е потребна – изјави тој, додавајќи дека тоа не му помага на Путин.
730.000 барели на пат кон Куба
Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ влезе во економската зона на Куба. Бродот носи околу 730.000 барели сурова нафта од Урал и се движи кон пристаништето Матанзас.
Според проценките, од оваа пратка може да се произведат околу 180.000 барели дизел, што би било доволно за девет до 10 дена потреби на островот.
„Тоа не му помага на Путин“
Тој отфрли дека испораката му помага на Владимир Путин.
– Тоа не му помага. Тој губи брод со нафта, тоа е сè што има таму – рече Трамп.
Додаде дека нема разлика дали нафтата доаѓа од Русија или од друга земја.
– Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба токму сега, немам проблем со тоа – изјави тој.
„Куба е готова“
Тој рече дека „тоа нема да има влијание“ и дека „Куба е готова“.
– Тие имаат лош режим. Тие имаат многу лошо и корумпирано раководство, и дали ќе добијат танкер со нафта или не, нема да направи разлика – рече Трамп додавајќи дека „на луѓето им треба греење… и сите тие работи“.
Трамп, чија администрација зазеде многу поагресивен став кон Куба од која било друга администрација на САД во поновата историја, ефикасно го отсече карипскиот остров од клучните резерви на нафта во обид да наметне промена на режимот.
Прекините на струја се чести, болниците се соочуваат со недостиг, а јавниот превоз е нарушен поради недостиг на гориво.