ТРАМП БАРА КАМАТНИТЕ СТАПКИ ДА СЕ НАМАЛАТ ЗА 2 ДО 3% Првиот човек на ФЕД денеска ќе ја брани монетарната политика пред Конгресот

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел ќе сведочи пред Конгресот по серијата изјави на Трамп во кои тој побара намалување на каматните стапки и ја изрази загриженоста на Волстрит за идната насока на Федералните резерви.

67

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска изјави дека каматните стапки треба да се намалат за најмалку 2 до 3%.

„Треба да бидеме пониски за најмалку два до три процентни поени… Ако работите подоцна се влошат, зголемете ја каматната стапка“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“, пред сведочењето на претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, пред Конгресот.






Пауел ќе сведочи пред Конгресот денеска и утре, по серијата изјави на Трамп во кои тој побара намалување на каматните стапки и ја изрази загриженоста на Волстрит за идната насока на Федералните резерви.

Минатата недела, Федералните резерви ги задржаа каматните стапки во опсег од 4,25 до 4,50% и најавија можност за две намалувања до крајот на годината.

Сепак, Пауел рече дека очекува „значајна“ инфлација бидејќи потрошувачите плаќаат повеќе за стоки поради планираните увозни тарифи на администрацијата на Трамп.

 

Поврзани содржини