Трамп бара државата да преземе акции од компаниите на кои им дава помош

Тој навде дека борбата против Ковид-19 е „медицинска, а не финансиска војна“.

322

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Владата би требало да преземе дел од акциите во компаниите, кои финансиски би ги помогнала поради пандемијата со новиот коронавирус.

Тој навде дека борбата против Ковид-19 е „медицинска, а не финансиска војна“.






Предлогот на Трамп беше оценет како невообичаено мешање на државата во приватниот сектор. Републиканците во Конгресот изразија загриженост дека тоа би можело да доведе до ситуација во која Владата бира победници и губитници.

– Ќе и помогнеме на авиоиндустријата. Ќе ја помогнеме индустријата за крузери, најверојатно и хотелиерите и малите фирми – посочи Трамп.

Тој, исто така додаде дека федералната помош не реба да ја користат компаниите за да ги откупат своите акции.

Поврзани содржини