Трамп: Апсењето на Бенон е многу тажна работа
Американскиот претседател изјави дека проектот „Градиме ѕид“ не му се допаднал од самиот почеток.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е многу тажна работа.
– Тоа е многу тажна работа за господин Бенон. Изненеадувачка е – рече Трамп.
Тој додаде дека проектот „Градиме ѕид“ не му се допаднал од самиот почеток.
Стив Бенон денеска е уапсен поради наводна измама на донаторите за повеќе стотици илјади долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Покрај Бенон, приведени се уште три лица.