Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека воведените рестрикции заради епидемијата на коронавирусот, заради кои престанаа да работат многу компании ширум САД, можат да доведат до смртни случаи.
– Нашата држава мора да почне да работи. Нашата држава сака да се вратиме на работа – рече претседателот за телевизијата „Фокс њуз“, пренесоа британските медиуми.
Овој лек е полош од проблемот. Повторно, луѓе, многу луѓе, по мое мислење, ќе умрат ако дозволиме тоа да продолжи, истакна Трамп.
Тој кажа дека Американците мора да се вратат на работа.
– Нашите луѓе сакаат да се вратат на работа – заклучи американскиот претседател.