ТРАМП ЈА ОТПУШТИ, СУДОТ ЈА ВРАТИ НА РАБОТА Гувернерката Лиса Кук останува во ФЕД

Врховниот суд го отфрли барањето на администрацијата на Трамп за одложување на одлуката за жалба, нагласувајќи дека е од јавен интерес Кук да остане на функцијата.

43

Судијката во американскиот федерален суд Џија Коб денеска привремено го запре обидот на претседателот Доналд Трамп да ја разреши гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук, истакнувајќи оти не е обезбедена законска основа за нејзино разрешување.

Коб издаде привремена забрана со која ѝ дозволува на Кук да остане на функцијата додека нејзиниот случај не се реши на суд. Според судијката разрешувањето на Кук веројатно би го прекршило Законот за Федералните резерви, кој дозволува разрешување на гувернер само поради однесување на должноста, како и нејзиното право на правично судење.






Таа, исто така, го отфрли барањето на администрацијата на Трамп за одложување на одлуката за жалба, нагласувајќи дека е од јавен интерес Кук да остане на функцијата.

Одлуката е донесена само една недела пред следниот состанок на Федералните резерви закажан за 16 септември.

Директорот на Федералната агенција за станбени кредити, Бил Пулт, минатиот месец објави писмо во кое ја обвинува Кук за фалсификување банкарски документи за добивање поповолни кредити, што може да претставува измама со хипотеки. Гувернерката Кук ги негираше обвинувањата.

Кук е првата Афроамериканка гувернерка на Федералните резерви. Таа беше именувана за функцијата во 2022 година од поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Поврзани содржини